Monday 31 March 2014

затоа што

Сеуште те чекам.
Од денот кога ме остави, сеуште се надевам.
Сеуште свежо се сеќавам на се, дури и на моментот кога прв пат ме бакна.. 
Ти замина и сега се однесуваш со мене на најладниот можен начин, но во мене сеуште не згаснува љубовта која ја чувстувам за тебе.
Сеуште ти ги подавам рацеве да се вратиш.
Сеуште...
а можеби и подобро,и полесно ќе беше да те пуштев само така да заминеш. Да, можеби полесно ќе беше само така да се разделиме и без ниту трага и глас да се оставиме во минатото. 
Но јас го одбрав потешкиот пат бидејќи да те пуштев од тебе би значело дека се откажувам од сопствената љубов кон тебе. Не можев, и не можам да го направам тоа.
Но, би сакала само да знаеш,
и да го избрав полесниот пат и да дозволев да станеме само странци со мемории, и ти да заминеше од мојот живот..пак ќе беше тука.
..затоа што, некои луѓе и кога ќе си заминат,остануваат.


како

Твоето „оди си“ како магнет ме влече кон тебе. Напразно дремам надевајќи се дека нешто ќе се смени. Копнежот во мене полека гасне, и пак се пали. Повторно се рефрешираат старите мемории. Мечтаам за твоето тело насладувајќи се во сопствените мисли. Треперам само од замислите, и дури и без да ме допреш - вода сум. Полека ми се клизаат рацете надолу настојувајќи да ми ги задоволат сопствените потреби. Бедно е да бидам во сопственото тело. Отфрлена по милион пати повторно се враќам собирајќи трошки надеж за нас. Се самозадоволувам превртувајќи ги сопствените мемории на твоето тело..
Твоето „крај е“ како магнет ме влече кон тебе. Копнежот во мене гасне и се пали.. Уморна од сопствените напори, се борам со сопствените чувства и страсти.. Како ли,о како да ги исклучам и умот и срцето што ме туркаат повторно,и повторно кон тебе?! 

Повторно

До вчера збор не си кажувавме и бевме налутени еден на друг а денес сме тука заедно гужвајќи ја постелнината на твојот кревет. Бесрамно ги спојуваме телата додека од нас гори пламенот на страста. Се бакнуваме, се допираме...
Повторно опиени од нашите еротски страсти забораваме на се што си имаме кажано и повторно си ги уморуваме телата еден од друг. 
Повторно ти ги допирам еротските зони гледајќи те како ја доживуваш кулминацијата и уживам. Толку бескрајно, без срам, навлажнета..уживам.
Повторно те чувствувам во своите празнини и опиена од убавината на болката ти се препуштам до бескрај. Или пак, до бескрај на квадрат.
Повторно ги дожувувам своите врвови на уживање додека ти ме гледаш и ти се диза егото.
Повторно остануваме голи, изморени од сопствените игри во кои бескрајно многу те посакував, бескрајно многу ме посакуваше.
Повторно, и повторно си докажуваме дека понекогаш зборовите и не ни се потребни.
Уште еднаш останавме занемени на спојот кој го правиме,  на страста која извира од нас за нас, на чувството да бидеме еден до друг..

Повторно останавме неми дека толку многу се посакуваме, а нешто ја кочи целата наша приказна.

Thursday 27 March 2014

Недостасува

Твојот лик, твоите очи, твојата насмевка, твојот допир, твојот глас, нашите разговори до доцните часови од ноќта, твоето тело, чувството додека ме допираш, твоите прсти во мојата коса, нашите бакнежи, прегратки, насмевски, воздишки..
Се ми недостасува.
Твоето „те сакам“ и „важна си ми“ споени во целина со твоето машко его направија сето тоа што го имавме да стане спомен и сега да ми недостасува како дел од мојата животна целина.

for you

Изгубена помеѓу сопствените копнежи и кошмари, те барам и чекам да се појавиш. Срцево вене со секој нов ден во кој бескрајно те нема, а во него си. Боли секоја секунда во која сурово си ги повторувам твоите зборови само за да те зборувам. Секој од тие твои зборови ме турка понатаму иако самата на себе си ставам сопирачки и туркам во спротивен правец. Повторно кон тебе. Заглавена сум меѓу „морам“ и „сакам’. Измачува секоја нова желба во која е проткаена потребата да се продолжи. А како да продолжам? Секој пат кога ќе го изгаснам огнот по тебе во моето срце,останува жариштето кое ветерот на нашите спомени безмилосно повторно и повторно ќе го разгори. И пак ќе недостасуваш, ќе ми требаш, ќе те чекам, ќе се надевам. Самата на себе си ја горам душата додека ти спокојно уживаш во деновите и не ни помислуваш дали сум добра. Или пак можеби помислуваш, но само не прашуваш.
Ете, повторно надеж..
Надеж која на крајот ни самата не знам како ќе ме однесе и што ќе стори со мене. Дали ќе ме врати повторно во твоите прегратки..или ќе останам сама да ги лекувам живите рани на сопствената душа која самата надевајќи се си ги правам?!

Wednesday 26 March 2014

Борба против себеси

Сакав да ти пишам, пред 10тина минути ја имав потребата да зборувам и да ти кажам како ми поминал денот. Сакав да ти ги раскажам случувањата. Да ти кажам како се чувствувам, дали сум добра.. Сакав, но не го направив тоа. Последното збогум стави кочници на моите раце, на моето срце. Сега стојам заглавена во трњето на сопствените чувства. Се борам со нив. Се борам да ги прегазам, да заборавам.. Баш ти како што сакаше. Да заборавам се, и да продолжам. Но секој нов чекор во борбата да го прегазам трњето на сопствените чувства претставува нов убод од нивните боцки. Нов, болен и тежок убод. Крвавам во срцето од сопственото трње. Каква иронија. Барем се надевав дека твоите понижувачки реченици ќе бидат доволен добар нож да се изборам со себе си. 
Но се е против мене, се е посилно од мене. Или барем така мислам. Можеби токму оваа борба е она што ме дефинира, што ме прави силна. Можеби оваа борба против самата себеси и доволен доказ дека никогаш повеќе не треба да им верувам на луѓето, на љубовта. Можеби тоа ќе создаде од мене нешто ново, нешто што дури ни ти никогаш го немаш запознаено во мене. Можеби од сега ќе бидам личност без чувства, емоции, поладна од камен и ќе ги заплашувам сите околу мене толку многу што нема ниту да сакаат да ми се приближат.
И подобро ќе е. Барем така никогаш повторно нема да бидам повредена, иако од сега секогаш ќе бидам воин кој со сите сили ќе се напрегнува да ги сокрие сопствените чувства. Оние чувства кои сеуште молат да се вратиш.

Tuesday 25 March 2014

слабоста на мојата бесрамност

Се продадов себе се, се продадов на ноќите во кои бесрамно го љубеше моето тело. Постојано барав уште и уште, а сега ги исплаќам каматите на моите бесрамни побарувачки. Уживав додека те чувствував, а сега тонам во воздишките што се создаваат во мојата глава. Очајно се надевам на твоите смирувачки допири додека полудувам знаејќи дека нема да ги добијам. Се мешаат милиони емоции во моето срце, а секоја потајно вреска да се вратиш. Немо и бледо гледам во бесрамните разголени слики со кои ти го подарив и телото и душава. Што остана од мене? Каде веќе да се пронајдам?
Изгубена сум во сопственото тело, потоната во сопствените лиги за тебе. Болно е секое мрднување на стрелката на часовникот која означува уште една залудно потрошена секунда надевајќи се дека повторно ќе те имам. Слаба сум на сопствената бесрамна душа која потајно моли да го милуваш моето тело.
И да се најдеше тука во овој момент во кој бескрајно те посакувам, само да ме погледнеше во очите ќе ја знаеше секоја мисла која ми се врти во главата. Ќе знаеше...


...земи ме,
твоја сум..
дозволи ме да ја почувствувам твојата машкост..



..ах, со бесрамничката исповед на мојата душа, се продадов. Се навлеков на тебе како наркоман на хероин и неможам да продолжам без доза од тебе. Слабоста на мојата бесрамност е прагот кон мое самоуништување.
но, неможам...толку многу те посакувам и ми требаш.