Monday 17 March 2014

...

Седам расплакана и со разочарувачки поглед гледам во мониторот. Ги читам зборовите кои ме кршат. Солзи се леат по моиве образи, и незнам како да си ја олеснам душата. Пишувам за да се искажам..за да бидам различна од сите претходни моменти во кои грешев и се извинував. Пишувам,за да кажам што чувствувам без притоа да се повторувам како и секогаш. Можеби ќе бидам доволно оргинална да те задржам. Се надевам барем дека ќе сум. Секоја моја грешка беше корак кон тоа да те изгубам. Несвесно одев се поблиску и поблиску до тоа. И еве,тука сме.. Стојам корак пред нашата разделба. Се освестив , но дали е предоцна?! Како да ти кажам прости ми,кога илјада пати мојата усна го има изговорено тој збор? Како да ти кажам остани, кога илјада пати правев работи со кои те бркав од себе? ..не бев доволно добра,знам... дури немораш ни да го потврдиш тоа. Свесна сум за грешките, свесна сум за сите разочарувачки удари кои ти ги зададов,но..неможам да се откажам. Неможам да кажам дека прифаќам крај кога срцево и умот склопиле сојуз и ми велаат да се борам. И последните атоми од своето тело ќе ги вложам во пишување на текстов со кој ти ги искажувам чувствата.. Остани дел од мојот живот. Сакам да бидам со тебе,сакам да бидеш дел од моето секојдневие. Неможам да ги фрлам во вода сите денови во кои му подари насмевка дури и кога ми се плачеше, прегратка дури и кога бев несредена, љубов дури и кога мислев дека светот ми се урива.. Неможам да се откажам.
Те сакам со целово мое срце, и текстот.. се надевам не е како сите претходни извинувања со кои настапував за да те задржам. Текстот е повеќе од едно обично извини,од едно обично ветување дека ќе се променам.
Овој текст е мојата душа која бесрамно ја отворам за да за последен пат побарам да останеш, бидејќи денес се наоѓаме на раскрсницата на која ти би требал да одлучиш дали ќе се разделиме на различни страни или ќе продолжиме заедно.
Јас со целото срце посакувам да не ставаме крај на нашата љубов, но одлуката е твоја..
Останувам само да се надевам дека текстот во кој ја отворив својата душа е доволно добар начин за да ти кажам дека на се сум спремна за да не те изгубам. И дека е доволно добар за да те натера да размислиш и ...

... да останеш дел од мојот живот.

20.02.2014

но,сепак одлучи да не останеш.
18.03.2014

No comments:

Post a Comment