Wednesday 26 March 2014

Борба против себеси

Сакав да ти пишам, пред 10тина минути ја имав потребата да зборувам и да ти кажам како ми поминал денот. Сакав да ти ги раскажам случувањата. Да ти кажам како се чувствувам, дали сум добра.. Сакав, но не го направив тоа. Последното збогум стави кочници на моите раце, на моето срце. Сега стојам заглавена во трњето на сопствените чувства. Се борам со нив. Се борам да ги прегазам, да заборавам.. Баш ти како што сакаше. Да заборавам се, и да продолжам. Но секој нов чекор во борбата да го прегазам трњето на сопствените чувства претставува нов убод од нивните боцки. Нов, болен и тежок убод. Крвавам во срцето од сопственото трње. Каква иронија. Барем се надевав дека твоите понижувачки реченици ќе бидат доволен добар нож да се изборам со себе си. 
Но се е против мене, се е посилно од мене. Или барем така мислам. Можеби токму оваа борба е она што ме дефинира, што ме прави силна. Можеби оваа борба против самата себеси и доволен доказ дека никогаш повеќе не треба да им верувам на луѓето, на љубовта. Можеби тоа ќе создаде од мене нешто ново, нешто што дури ни ти никогаш го немаш запознаено во мене. Можеби од сега ќе бидам личност без чувства, емоции, поладна од камен и ќе ги заплашувам сите околу мене толку многу што нема ниту да сакаат да ми се приближат.
И подобро ќе е. Барем така никогаш повторно нема да бидам повредена, иако од сега секогаш ќе бидам воин кој со сите сили ќе се напрегнува да ги сокрие сопствените чувства. Оние чувства кои сеуште молат да се вратиш.

No comments:

Post a Comment