Tuesday 25 March 2014

слабоста на мојата бесрамност

Се продадов себе се, се продадов на ноќите во кои бесрамно го љубеше моето тело. Постојано барав уште и уште, а сега ги исплаќам каматите на моите бесрамни побарувачки. Уживав додека те чувствував, а сега тонам во воздишките што се создаваат во мојата глава. Очајно се надевам на твоите смирувачки допири додека полудувам знаејќи дека нема да ги добијам. Се мешаат милиони емоции во моето срце, а секоја потајно вреска да се вратиш. Немо и бледо гледам во бесрамните разголени слики со кои ти го подарив и телото и душава. Што остана од мене? Каде веќе да се пронајдам?
Изгубена сум во сопственото тело, потоната во сопствените лиги за тебе. Болно е секое мрднување на стрелката на часовникот која означува уште една залудно потрошена секунда надевајќи се дека повторно ќе те имам. Слаба сум на сопствената бесрамна душа која потајно моли да го милуваш моето тело.
И да се најдеше тука во овој момент во кој бескрајно те посакувам, само да ме погледнеше во очите ќе ја знаеше секоја мисла која ми се врти во главата. Ќе знаеше...


...земи ме,
твоја сум..
дозволи ме да ја почувствувам твојата машкост..



..ах, со бесрамничката исповед на мојата душа, се продадов. Се навлеков на тебе како наркоман на хероин и неможам да продолжам без доза од тебе. Слабоста на мојата бесрамност е прагот кон мое самоуништување.
но, неможам...толку многу те посакувам и ми требаш. 

No comments:

Post a Comment