Monday 31 March 2014

затоа што

Сеуште те чекам.
Од денот кога ме остави, сеуште се надевам.
Сеуште свежо се сеќавам на се, дури и на моментот кога прв пат ме бакна.. 
Ти замина и сега се однесуваш со мене на најладниот можен начин, но во мене сеуште не згаснува љубовта која ја чувстувам за тебе.
Сеуште ти ги подавам рацеве да се вратиш.
Сеуште...
а можеби и подобро,и полесно ќе беше да те пуштев само така да заминеш. Да, можеби полесно ќе беше само така да се разделиме и без ниту трага и глас да се оставиме во минатото. 
Но јас го одбрав потешкиот пат бидејќи да те пуштев од тебе би значело дека се откажувам од сопствената љубов кон тебе. Не можев, и не можам да го направам тоа.
Но, би сакала само да знаеш,
и да го избрав полесниот пат и да дозволев да станеме само странци со мемории, и ти да заминеше од мојот живот..пак ќе беше тука.
..затоа што, некои луѓе и кога ќе си заминат,остануваат.


како

Твоето „оди си“ како магнет ме влече кон тебе. Напразно дремам надевајќи се дека нешто ќе се смени. Копнежот во мене полека гасне, и пак се пали. Повторно се рефрешираат старите мемории. Мечтаам за твоето тело насладувајќи се во сопствените мисли. Треперам само од замислите, и дури и без да ме допреш - вода сум. Полека ми се клизаат рацете надолу настојувајќи да ми ги задоволат сопствените потреби. Бедно е да бидам во сопственото тело. Отфрлена по милион пати повторно се враќам собирајќи трошки надеж за нас. Се самозадоволувам превртувајќи ги сопствените мемории на твоето тело..
Твоето „крај е“ како магнет ме влече кон тебе. Копнежот во мене гасне и се пали.. Уморна од сопствените напори, се борам со сопствените чувства и страсти.. Како ли,о како да ги исклучам и умот и срцето што ме туркаат повторно,и повторно кон тебе?! 

Повторно

До вчера збор не си кажувавме и бевме налутени еден на друг а денес сме тука заедно гужвајќи ја постелнината на твојот кревет. Бесрамно ги спојуваме телата додека од нас гори пламенот на страста. Се бакнуваме, се допираме...
Повторно опиени од нашите еротски страсти забораваме на се што си имаме кажано и повторно си ги уморуваме телата еден од друг. 
Повторно ти ги допирам еротските зони гледајќи те како ја доживуваш кулминацијата и уживам. Толку бескрајно, без срам, навлажнета..уживам.
Повторно те чувствувам во своите празнини и опиена од убавината на болката ти се препуштам до бескрај. Или пак, до бескрај на квадрат.
Повторно ги дожувувам своите врвови на уживање додека ти ме гледаш и ти се диза егото.
Повторно остануваме голи, изморени од сопствените игри во кои бескрајно многу те посакував, бескрајно многу ме посакуваше.
Повторно, и повторно си докажуваме дека понекогаш зборовите и не ни се потребни.
Уште еднаш останавме занемени на спојот кој го правиме,  на страста која извира од нас за нас, на чувството да бидеме еден до друг..

Повторно останавме неми дека толку многу се посакуваме, а нешто ја кочи целата наша приказна.

Thursday 27 March 2014

Недостасува

Твојот лик, твоите очи, твојата насмевка, твојот допир, твојот глас, нашите разговори до доцните часови од ноќта, твоето тело, чувството додека ме допираш, твоите прсти во мојата коса, нашите бакнежи, прегратки, насмевски, воздишки..
Се ми недостасува.
Твоето „те сакам“ и „важна си ми“ споени во целина со твоето машко его направија сето тоа што го имавме да стане спомен и сега да ми недостасува како дел од мојата животна целина.

for you

Изгубена помеѓу сопствените копнежи и кошмари, те барам и чекам да се појавиш. Срцево вене со секој нов ден во кој бескрајно те нема, а во него си. Боли секоја секунда во која сурово си ги повторувам твоите зборови само за да те зборувам. Секој од тие твои зборови ме турка понатаму иако самата на себе си ставам сопирачки и туркам во спротивен правец. Повторно кон тебе. Заглавена сум меѓу „морам“ и „сакам’. Измачува секоја нова желба во која е проткаена потребата да се продолжи. А како да продолжам? Секој пат кога ќе го изгаснам огнот по тебе во моето срце,останува жариштето кое ветерот на нашите спомени безмилосно повторно и повторно ќе го разгори. И пак ќе недостасуваш, ќе ми требаш, ќе те чекам, ќе се надевам. Самата на себе си ја горам душата додека ти спокојно уживаш во деновите и не ни помислуваш дали сум добра. Или пак можеби помислуваш, но само не прашуваш.
Ете, повторно надеж..
Надеж која на крајот ни самата не знам како ќе ме однесе и што ќе стори со мене. Дали ќе ме врати повторно во твоите прегратки..или ќе останам сама да ги лекувам живите рани на сопствената душа која самата надевајќи се си ги правам?!

Wednesday 26 March 2014

Борба против себеси

Сакав да ти пишам, пред 10тина минути ја имав потребата да зборувам и да ти кажам како ми поминал денот. Сакав да ти ги раскажам случувањата. Да ти кажам како се чувствувам, дали сум добра.. Сакав, но не го направив тоа. Последното збогум стави кочници на моите раце, на моето срце. Сега стојам заглавена во трњето на сопствените чувства. Се борам со нив. Се борам да ги прегазам, да заборавам.. Баш ти како што сакаше. Да заборавам се, и да продолжам. Но секој нов чекор во борбата да го прегазам трњето на сопствените чувства претставува нов убод од нивните боцки. Нов, болен и тежок убод. Крвавам во срцето од сопственото трње. Каква иронија. Барем се надевав дека твоите понижувачки реченици ќе бидат доволен добар нож да се изборам со себе си. 
Но се е против мене, се е посилно од мене. Или барем така мислам. Можеби токму оваа борба е она што ме дефинира, што ме прави силна. Можеби оваа борба против самата себеси и доволен доказ дека никогаш повеќе не треба да им верувам на луѓето, на љубовта. Можеби тоа ќе создаде од мене нешто ново, нешто што дури ни ти никогаш го немаш запознаено во мене. Можеби од сега ќе бидам личност без чувства, емоции, поладна од камен и ќе ги заплашувам сите околу мене толку многу што нема ниту да сакаат да ми се приближат.
И подобро ќе е. Барем така никогаш повторно нема да бидам повредена, иако од сега секогаш ќе бидам воин кој со сите сили ќе се напрегнува да ги сокрие сопствените чувства. Оние чувства кои сеуште молат да се вратиш.

Tuesday 25 March 2014

слабоста на мојата бесрамност

Се продадов себе се, се продадов на ноќите во кои бесрамно го љубеше моето тело. Постојано барав уште и уште, а сега ги исплаќам каматите на моите бесрамни побарувачки. Уживав додека те чувствував, а сега тонам во воздишките што се создаваат во мојата глава. Очајно се надевам на твоите смирувачки допири додека полудувам знаејќи дека нема да ги добијам. Се мешаат милиони емоции во моето срце, а секоја потајно вреска да се вратиш. Немо и бледо гледам во бесрамните разголени слики со кои ти го подарив и телото и душава. Што остана од мене? Каде веќе да се пронајдам?
Изгубена сум во сопственото тело, потоната во сопствените лиги за тебе. Болно е секое мрднување на стрелката на часовникот која означува уште една залудно потрошена секунда надевајќи се дека повторно ќе те имам. Слаба сум на сопствената бесрамна душа која потајно моли да го милуваш моето тело.
И да се најдеше тука во овој момент во кој бескрајно те посакувам, само да ме погледнеше во очите ќе ја знаеше секоја мисла која ми се врти во главата. Ќе знаеше...


...земи ме,
твоја сум..
дозволи ме да ја почувствувам твојата машкост..



..ах, со бесрамничката исповед на мојата душа, се продадов. Се навлеков на тебе како наркоман на хероин и неможам да продолжам без доза од тебе. Слабоста на мојата бесрамност е прагот кон мое самоуништување.
но, неможам...толку многу те посакувам и ми требаш. 

Нејзиниот идеал

Бела беше осумнаесет годишна девојка која не се плашеше да сака. Таа на своите осумнаесет години за прв пат чувствуваше безусловна љубов за која многумина сметаа дека не може да се случи. Но, Бела беше сигурна во своите чувства. Таа  беше опиена од убавината на неговите зелени очи за кои секоја вечер размислуваше пред да заспие. Никогаш пред тоа не покажуваше слабост на другите момчиња. Но, сега беше поинакво. Таа одеднаш грубоста на својот карактер го замени со кревкост и нежност. Тој дејствуваше на многу неверојатен начин врз неа. Пред него не и беше срам да заплаче, да се смее без притоа да размислува дали тоа нему ќе му биде пристојно, не и беше срам да биде несмасна при јадење, да си ја направи целата облека од сладолед.. Таа пред него беше своја. Беше она што пред другите го криеше. Тој за неа беше нејзиниот идеал. Пред се тој за неа претставуваше човек со идеални човечки особини. Во него имаше спој од пријател и љубовник. Беше тивок, но доволно гласен во одредени мигови за да ја одржи смирена. Никогаш не се чувствуваше дека тој ја има контролата во нивната врска, но ја сакаше доминацијата кој тој знаеше да ја покаже. За прв пат во својот живот Бела изрази желба да има човек кој сака да ја води. Во неговите раце се чувствуваше безбедно. За неа прегратките значеа среќа. Бакнежите и беа како вода од која таа пиеше за да спокојно ги живее своите денови. Тешките моменти од својот живот ги поминуваше со него. Тој беше еден од оние луѓе кои еднаш се среќаваат,а оставаат траги засекогаш.
Таа му се подари на дланка. Му го даде и срцето и телото и никогаш не размислуваше за последиците со кои може да се здобие ако еден ден тој си замина.
Не сакаше да верува дека тој може да си замине. Честопати му велеше дека тој е нејзината среќа и навистина беше така..
Дури и кога тој навистина ја остави, на неа не и се веруваше. 
И двајцата продолжија по своите патишта, но..тоа го понесе во срцето и секогаш за неа тој беше човек со најдобрите човечки особини,нејзин идол, идеал.

каде е важноста?

Како кула од карти рушиш се во моето срце. Ги дуваш спомените во неповрат без ниту трошка желба повторно да градиш нови. Заминуваш оставајќи болни траги и не се вртиш дури ни да погледнеш дали сеуште стојам на своите нозе. Ме туркаш во бездните на болката без да размислиш дали некогаш ќе излезам од истите. Ме бришеш полека како никогаш и да не сум постоела. Не ни размислуваш за тоа што можеше да биде..
Иако во секој твој одговор велеше дека сум ти важна, замина без да оставиш простор да биде подобро. Замина како да беше само обичен патник во мојот живот. А беше многу повеќе. Секогаш ќе бидеш многу повеќе од луѓето кои исто како тебе доаѓаат и си заминуваат бидејќи за нив и во тоа се крие некаква важност и љубов.

ти благодарам

Thursday 20 March 2014

проклето да е

Проклети да се сите солзи што течат од очиве.
Проклето да е се што чувствувам, се на што се надевам, се во што верувам. Проклети да сме и јас, и ти, и ние заедно.
Никогаш не ти бев доволно добра, а повторно тагувам.
Повторно се уништувам себе си, додека ти повторно посакуваш други работи. Поинтересни, повозбудливи од мене.
Проклети нека се солзив,
но не ги запирам. Нека течат се додека еден ден навистина не ги снема. Тој ден и јас ќе исчезнам. Ќе станам спомен, но и твој копнеж. Бидејќи изгубеното што никогаш не ќе можеш да го вратиш, секогаш станува најпосакувано.

писмото до бившиот

До дечко ми.. бившиот

Еј, здраво.
Незнам како да го почнам писмово. Знаеш, овде се е кул. Излегувам секој ден, по саати сум надвор од дома, лудувам, се забавувам, другарувам со другарките. Баш ти како сакаше. Но, видиш..повторно нешто кочи во целата таа ситуација.
Сеуште мислам за тебе. Мислам за нас, за тоа што имавме и за тоа што можевме да го имаме. Помина скоро месец дена од денот кога се разделивме,но во моето срце се е толку свежо. Сеуште мечтаам за тебе, за спојот од нашите голи тела. Посакувам да си тука. Сега е 00:15. Обично ова време од ноќта го поминувавме заедно. Веќе триесетина дена сама бледо зјапам низ прозорецот додека месечината ми го осветлува лицето.
Ти каде си? Дали си добар? Посакуваш ли барем некогаш повторно да ги допреш моите влажни усни и да ја почувствуваш топлата воздишка која доаѓа од нив и вели дека ми требаш?
Дали ти недостасувам? ..барем малку?
Денес денот всушност ми беше малку поразличен од останатите. Знаеш, со другарките и со кафе секогаш се поврзани интересни муабети. Денеска на репертоарот на нашиот трач-муабет беше темата : изневерување. Сите зборувааа. Една го изневерила дечко и во лифт со неговиот другар, и кога се спуштиле со лифтот на прв кат тој бил долу и за малку ќе ги видел. Друга зборуваше дека отишла во такси со бившиот кај него дома,а дечко и и ја видел. Трета кажуваше дека со 2-3 го изневерила во ист вечер. Имаше разни видови на стории, што ќе те лажам. Сите раскажуваа, а јас само слушав и молчев.
Немав што да кажам. Никогаш не ни помислив да направам такво нешто. Знам дека длабоку во срцето знаеш дека никогаш не би ја изневерила твојата доверба.
Но, овој муабет тешко ми падна. Затоа и решив да ти го пишам писмово.
Сите тие мои другарки, кои некогаш изневерувале, кои ги исмејувале сопствените момчиња позади нивните грбови.. сите тие се повторно во врска со истите нив.
Само јас и ти не сме заедно.
Да, знам ќе речеш дека ти никогаш не би ми го простил тоа, и дека ти не си таков и дека ти.. блаблаблабла... знам се што би рекол на ова мое писмо. Ти си поинаков би рекол.
Да, и јас го знам тоа. Но дали ти некогаш забележа дека и јас сум поинаква од другите?!

и ете, повторно не сме заедно. Како и да ми вредело нешто кога повторно единствено што ми остана е да бидам сама, а да те сакам.

Како и да е,
се надевам дека си добро и искрено те поздравувам.

Од твојата Bella, xoxo

Tuesday 18 March 2014

Очи

Нема поубаво чувство од чувството да го си видиш сопственото лице во очите на личноста што најмногу ја сакаш. Се загледуваш во нив и тонеш во нивните длабочини додека илјадници чувства испливуваат на површината од твојата душа. Обземен си од убавината која може да ти ја подарат само тие едни, единствени очи.
Еден единствен поглед крие илјадници зборови. Стоевме занемено гледајќи се очи в очи. Сретнувањето на нашите очи беше повеќе од доволно за да знаеме дека не сме само обична фарса и дека сме вистински. Вистински беше сето тоа што го чувствувавме, а немавме зборови за да си го искажеме.

Оваа вечер усните ни служеа за бакнежи, а нашите очи зборуваа.
А тие никогаш не лажат,
во нив е преточена сета вистина што ни е скриена во длабочините на нашата душа.


Monday 17 March 2014

...

Седам расплакана и со разочарувачки поглед гледам во мониторот. Ги читам зборовите кои ме кршат. Солзи се леат по моиве образи, и незнам како да си ја олеснам душата. Пишувам за да се искажам..за да бидам различна од сите претходни моменти во кои грешев и се извинував. Пишувам,за да кажам што чувствувам без притоа да се повторувам како и секогаш. Можеби ќе бидам доволно оргинална да те задржам. Се надевам барем дека ќе сум. Секоја моја грешка беше корак кон тоа да те изгубам. Несвесно одев се поблиску и поблиску до тоа. И еве,тука сме.. Стојам корак пред нашата разделба. Се освестив , но дали е предоцна?! Како да ти кажам прости ми,кога илјада пати мојата усна го има изговорено тој збор? Како да ти кажам остани, кога илјада пати правев работи со кои те бркав од себе? ..не бев доволно добра,знам... дури немораш ни да го потврдиш тоа. Свесна сум за грешките, свесна сум за сите разочарувачки удари кои ти ги зададов,но..неможам да се откажам. Неможам да кажам дека прифаќам крај кога срцево и умот склопиле сојуз и ми велаат да се борам. И последните атоми од своето тело ќе ги вложам во пишување на текстов со кој ти ги искажувам чувствата.. Остани дел од мојот живот. Сакам да бидам со тебе,сакам да бидеш дел од моето секојдневие. Неможам да ги фрлам во вода сите денови во кои му подари насмевка дури и кога ми се плачеше, прегратка дури и кога бев несредена, љубов дури и кога мислев дека светот ми се урива.. Неможам да се откажам.
Те сакам со целово мое срце, и текстот.. се надевам не е како сите претходни извинувања со кои настапував за да те задржам. Текстот е повеќе од едно обично извини,од едно обично ветување дека ќе се променам.
Овој текст е мојата душа која бесрамно ја отворам за да за последен пат побарам да останеш, бидејќи денес се наоѓаме на раскрсницата на која ти би требал да одлучиш дали ќе се разделиме на различни страни или ќе продолжиме заедно.
Јас со целото срце посакувам да не ставаме крај на нашата љубов, но одлуката е твоја..
Останувам само да се надевам дека текстот во кој ја отворив својата душа е доволно добар начин за да ти кажам дека на се сум спремна за да не те изгубам. И дека е доволно добар за да те натера да размислиш и ...

... да останеш дел од мојот живот.

20.02.2014

но,сепак одлучи да не останеш.
18.03.2014

тишина

тишина,
нема и болна, очајна..
но владее.
Со тебе, со твоето срце и со просторов..


Научи ме,
те молам научи ме на тоа твоето,
научи ме само на тоа..
како?
како да замолчи секое чукање на моево срце кое во себе го крие твоето име..

те молам,
тогаш тишината и мене ќе ми биде најмила.