Tuesday 25 March 2014

Нејзиниот идеал

Бела беше осумнаесет годишна девојка која не се плашеше да сака. Таа на своите осумнаесет години за прв пат чувствуваше безусловна љубов за која многумина сметаа дека не може да се случи. Но, Бела беше сигурна во своите чувства. Таа  беше опиена од убавината на неговите зелени очи за кои секоја вечер размислуваше пред да заспие. Никогаш пред тоа не покажуваше слабост на другите момчиња. Но, сега беше поинакво. Таа одеднаш грубоста на својот карактер го замени со кревкост и нежност. Тој дејствуваше на многу неверојатен начин врз неа. Пред него не и беше срам да заплаче, да се смее без притоа да размислува дали тоа нему ќе му биде пристојно, не и беше срам да биде несмасна при јадење, да си ја направи целата облека од сладолед.. Таа пред него беше своја. Беше она што пред другите го криеше. Тој за неа беше нејзиниот идеал. Пред се тој за неа претставуваше човек со идеални човечки особини. Во него имаше спој од пријател и љубовник. Беше тивок, но доволно гласен во одредени мигови за да ја одржи смирена. Никогаш не се чувствуваше дека тој ја има контролата во нивната врска, но ја сакаше доминацијата кој тој знаеше да ја покаже. За прв пат во својот живот Бела изрази желба да има човек кој сака да ја води. Во неговите раце се чувствуваше безбедно. За неа прегратките значеа среќа. Бакнежите и беа како вода од која таа пиеше за да спокојно ги живее своите денови. Тешките моменти од својот живот ги поминуваше со него. Тој беше еден од оние луѓе кои еднаш се среќаваат,а оставаат траги засекогаш.
Таа му се подари на дланка. Му го даде и срцето и телото и никогаш не размислуваше за последиците со кои може да се здобие ако еден ден тој си замина.
Не сакаше да верува дека тој може да си замине. Честопати му велеше дека тој е нејзината среќа и навистина беше така..
Дури и кога тој навистина ја остави, на неа не и се веруваше. 
И двајцата продолжија по своите патишта, но..тоа го понесе во срцето и секогаш за неа тој беше човек со најдобрите човечки особини,нејзин идол, идеал.

No comments:

Post a Comment