Thursday 27 March 2014

for you

Изгубена помеѓу сопствените копнежи и кошмари, те барам и чекам да се појавиш. Срцево вене со секој нов ден во кој бескрајно те нема, а во него си. Боли секоја секунда во која сурово си ги повторувам твоите зборови само за да те зборувам. Секој од тие твои зборови ме турка понатаму иако самата на себе си ставам сопирачки и туркам во спротивен правец. Повторно кон тебе. Заглавена сум меѓу „морам“ и „сакам’. Измачува секоја нова желба во која е проткаена потребата да се продолжи. А како да продолжам? Секој пат кога ќе го изгаснам огнот по тебе во моето срце,останува жариштето кое ветерот на нашите спомени безмилосно повторно и повторно ќе го разгори. И пак ќе недостасуваш, ќе ми требаш, ќе те чекам, ќе се надевам. Самата на себе си ја горам душата додека ти спокојно уживаш во деновите и не ни помислуваш дали сум добра. Или пак можеби помислуваш, но само не прашуваш.
Ете, повторно надеж..
Надеж која на крајот ни самата не знам како ќе ме однесе и што ќе стори со мене. Дали ќе ме врати повторно во твоите прегратки..или ќе останам сама да ги лекувам живите рани на сопствената душа која самата надевајќи се си ги правам?!

No comments:

Post a Comment