Thursday 20 March 2014

писмото до бившиот

До дечко ми.. бившиот

Еј, здраво.
Незнам како да го почнам писмово. Знаеш, овде се е кул. Излегувам секој ден, по саати сум надвор од дома, лудувам, се забавувам, другарувам со другарките. Баш ти како сакаше. Но, видиш..повторно нешто кочи во целата таа ситуација.
Сеуште мислам за тебе. Мислам за нас, за тоа што имавме и за тоа што можевме да го имаме. Помина скоро месец дена од денот кога се разделивме,но во моето срце се е толку свежо. Сеуште мечтаам за тебе, за спојот од нашите голи тела. Посакувам да си тука. Сега е 00:15. Обично ова време од ноќта го поминувавме заедно. Веќе триесетина дена сама бледо зјапам низ прозорецот додека месечината ми го осветлува лицето.
Ти каде си? Дали си добар? Посакуваш ли барем некогаш повторно да ги допреш моите влажни усни и да ја почувствуваш топлата воздишка која доаѓа од нив и вели дека ми требаш?
Дали ти недостасувам? ..барем малку?
Денес денот всушност ми беше малку поразличен од останатите. Знаеш, со другарките и со кафе секогаш се поврзани интересни муабети. Денеска на репертоарот на нашиот трач-муабет беше темата : изневерување. Сите зборувааа. Една го изневерила дечко и во лифт со неговиот другар, и кога се спуштиле со лифтот на прв кат тој бил долу и за малку ќе ги видел. Друга зборуваше дека отишла во такси со бившиот кај него дома,а дечко и и ја видел. Трета кажуваше дека со 2-3 го изневерила во ист вечер. Имаше разни видови на стории, што ќе те лажам. Сите раскажуваа, а јас само слушав и молчев.
Немав што да кажам. Никогаш не ни помислив да направам такво нешто. Знам дека длабоку во срцето знаеш дека никогаш не би ја изневерила твојата доверба.
Но, овој муабет тешко ми падна. Затоа и решив да ти го пишам писмово.
Сите тие мои другарки, кои некогаш изневерувале, кои ги исмејувале сопствените момчиња позади нивните грбови.. сите тие се повторно во врска со истите нив.
Само јас и ти не сме заедно.
Да, знам ќе речеш дека ти никогаш не би ми го простил тоа, и дека ти не си таков и дека ти.. блаблаблабла... знам се што би рекол на ова мое писмо. Ти си поинаков би рекол.
Да, и јас го знам тоа. Но дали ти некогаш забележа дека и јас сум поинаква од другите?!

и ете, повторно не сме заедно. Како и да ми вредело нешто кога повторно единствено што ми остана е да бидам сама, а да те сакам.

Како и да е,
се надевам дека си добро и искрено те поздравувам.

Од твојата Bella, xoxo

No comments:

Post a Comment